Лиснати путер кифли
Во млако млеко и јогурт го ставаме квасецот, наросуваме малку сол и шеќер и оставаме смесата да отстои.
Во друг сад ги мешаме маслото шеќерот, солта и го додаваме квасецот. Потоа, додаваме брашно и замесуваме, па го оставаме тестото 30 минути на топло место за да нарасне.
Нараснатото тесто го делиме на осум дела. Секој дел посебно го сукаме во круг со пречник 45 см. и го премачкуваме со путер.од осуме топки треба да добиеме две теста. Значи по четири кори лепиме со путер.
Секое тесто го расукуваме, сечеме и мотаме кифлички.
Во плехот каде што ќе ги печеме кифличките ставаме хартија за печење. Ги редиме кифлите и ги оставаме да отстојат на топло место уште 30 минути.
Кифличките ги премачкуваме со изматеното јајце и на крај попрскуваме со сусам. На крај, на секоја кифличка ставаме мало парче путер.
Кифлите ги печеме на 220 степени околу дваесет до половина час.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани