Подготовка:

1. Расукајте ја едната коцка лиснато тесто во димензии 33 на 33цм. Премачкајте ја со дел од растопениот путер и посипете ја со дел од мешавината од какао и шеќер во прав (за посипување користете цедалка). Свиткајте ја кората во ролат и исечете ја на парчиња со дебелина отприлика колку дебелина на прст. Наредете ги парчињата во калап(26цм) обложен со хартија. Со раце притиснете ги парчињата, за да се спојат и да дојде како кора. Повторете ја постапката и со другиот дел од лиснатото. Исечените парчиња наредете ги на хартија и оставете ги во фрижидер додека го приготвувате филот.

2. Фил - Најпрвин на пареа растопете го чоколадото и оставете да се олади. Во сад за матење ставете ги рикотата, јајцата, брашното, шеќерот и ванилата. Изматете со миксер, додека се соединат состојките.
Додајте го растопеното чоколадо и пак проматете, за да се соедини чоколадото. Нанесете го филот во калапот за печење.

3. Врз парчињата лиснато, кои отстоea во фрижидер, нанесете хартија за печење и со сукало расукајте ги во округла кора. Тргнете ја хартијата и со помош на сукалото префрлете ја кората од соединетите парчиња лиснато врз филот во калапот за печење. Премачкајте ја питата со разматената жолчка и млеко. Печете на 180 степени, додека убаво се испече лиснатото и стане крцкаво. Се пече најмалку 45 минути.

Може да се послужи и топла и ладна. На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани