Се раствора, меша содата и шеќерот во киселото млеко.
Постепено се додава маслото и брашното и на крај лимоновата кора, шеќер и ванилата.

Смесата се истура во намастен и набрашнет калап (26) и одогора се реди со ситно сечканиот локум извалкан во брашно. Низ локумот можат да се додадат и ситно сечкани ореви, суво грозје, а како јас немав при рака ставив чоколадни трошки.

Се печи на 180С додека се оддели од страниците. Околу половина час.

Оладен, се сервира посипан со шеќер во прав одозгора.

Имам едни периоди хаотични во кујна (добро, не се само во кујна хаха). Така овде колачот мина со една лажица масло наместо чаша и пол. Мислев дека нема да го биди баш...Верувајте, од цела палета благо најфален беше. Сакав да кажам, ете можело и така, а и вака како налага рецептот да го приготвите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови