За околу една година заедно со вас стигнав до уште еден јубилеј.
Па еве имам чест да ви го претставам и мојот 200ти рецепт.
Се надевам дека за брзо време ќе славиме уште многу јубилеи заедно, не само мои туку и ваши мили мои. Голема благодарност до МоиРецепти што ни ја овозможија оваа дружба.
Па да преминиме на оваа за мене превкусна торта.

1. Во еден сад се ставаат жолчките, шеќерот и ванилата и се матат додека жолчките не добијат посветла боја.
2. Во друг сад се ставаат брашното, какаото и пецивото и се промешуваат.
3. Во смесата со жолчките се додаваат млекото и маслото, а потоа и сувите состојки и се мати да се соедини.
4. Смесата се распределува подеднакво во две модли или се печи заедно и се вадат два дела од целиот пандишпан.

1. Белките се матат на снег заедно со шеќерот и му се додава нишестето и кокосот, се промешува внимателно да се соединат состојките.
2. Овој пандишпан е поубаво да се печи на 2 пати.

1. Во касерола на оган се ставаат 2 од јајцата, сокот од лимета шеќерот и кората, а во друг сад се става едното јајце и нишестето и се мати да се соедини.
2. Касеролата се става на оган и се мати постојано, кога ќе се растопи шеќерот се додава и другото јајце со нишестето претходно темперирано и се продолжува со матење без да се престани.
3. Кога ќе се згусни кремот се тргнува од оган и му се додава путерот на парченца и се меша до соединување.

1. Слатката павлака се става во касерола на оган да се загрее и пред да зоврие се додава белото чоколадо и се тргнува од оган .
2. Се промешува да се соединат чоколадото и слатката павлака и се остава да се олади целосно.
3. Откако се олади целосно се мати со миксер за да се добие крем.

1. Путерот за путер кремот треба да е на собна температура, се става во еден сад и се мати, му се додаваат останатите состојки и се мати до добивање на убав мазен крем.

Формирање на тортата
1. Во модла со подвижни ѕидови се става најпрво едниот чоколаден пандишпан и по краевите се шприца од чоколадниот ганаш, со тенок слој се премачкува во средината исто така, средината се полни со кремот од лимета.
2. Врз него се поставува кокосов пандишпан и се повторува постапката, потоа уште еден кокосов пандишпан и најгоре се става чоколадниот падишпан.
3. Тортата се остава во фрижидер за 4-5 часа.
4. Се премачкува со тенок слој од путер кремот и се остава за 1-2 часа во фрижидер и накрај финално се премачкува со путер кремот, но не се измазнува.
5. За декорацијата дршките од свежото цвеќе се завиткуваат во фолија и цвеќињата се подредуваат по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови