Ликер од нане и портокал
Многу брз за подготовка, лесен, вкусен за пиење. Се чека само 8 дена пред да може да се пие. Влегува во СОВРШЕНИ заради тоа што малку се чека =))
Нането, кората од портокал, кранфилчињата и ракијата се ставаат во тегла со капак. Се оставаат да одстојат 8 дена. Теглата се промешува на секои 2 дена. Можете само да ја превртите наопаку неколку пати, не мора да се меша со лажица или сл.
По истекот на тие 8 дена пригответе го сирупот.
Шеќерот и водата ставете ги во сад, нека провријат неколку минути да запени површината. Кога сирупот ќе се олади, се меша со процедената ракија.
Се чува во стаклено шише.
Јас користев суво нане и аранчини од портокал по рецепт на наша Љиља :)
Лиценца: Сите права се задржани
па треба ли некој да долева постојано? :D :D :D :D
по половина доза правев, па им остана и на мажите ракија ;)