- Сварете ги макароните во посолена вода во времетраење како што е напишано на опаковката - пожелно да бидат кратките макарони. Сварени исцедете од водата и додадете во нив маслиновото масло.
- Додека се варат макароните, пригответе го дресингот мешајки ги сите состојки во еден сад,
- Исецканите домати, краставица, кромид, фета сирењето и маслинките додадете ги кај макароните, залијте со дресингот и лесно измешајте за да не се сирењето изрони.
- Ставете во фрижидер да се лади и за тоа да се спојат вкусовите.
Уживајте.... ова може да биде и оброк.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани