Летна салата со макарони
Состојки
- 450 гр. ситни макарони
- 1 поголем домат иселен на коцки
- 1 жолта, црвена или зелена пиперка исечена на коцки
- по 1/2 краставица исечена на коцки или полукругови, кромид сецкан на коцки
- 100 гр. црни маслинки
- 100 гр. фета сирење исечено на коцки
- 1 лажица маслиново масло
- Дресинг
- 50 мл. маслиново масло
- 45 мл. црвен вински оцет
- по 1 лажичка сол и оригано
- на вкус свежо мелен бибер
Подготовка
- Сварете ги макароните во посолена вода во времетраење како што е напишано на опаковката - пожелно да бидат кратките макарони. Сварени исцедете од водата и додадете во нив маслиновото масло.
- Додека се варат макароните, пригответе го дресингот мешајки ги сите состојки во еден сад,
- Исецканите домати, краставица, кромид, фета сирењето и маслинките додадете ги кај макароните, залијте со дресингот и лесно измешајте за да не се сирењето изрони.
- Ставете во фрижидер да се лади и за тоа да се спојат вкусовите.
Уживајте.... ова може да биде и оброк.