И ова е рецепт, да. За прв пат кога видов се чудев. Оваа прженица јас ја нарекувам Лакичка прженица бидејки јас знам така - дека најчесто спремана е во с.Лаки општина Виница. Ваквата прженица датирала многу одамна, но јас пред некоја година се сретнав со неа. Останав презадоволна од вкусот на вака спреманата прженица.
Мерки нема, значи по ваша оценка и нормално - зависи за колку лица ќе се спрема.
 
- Се лупи компирот и се сецка на коцки. Се става на врело масло лесно да се запржи, се додава веќе здробениот пипер (да има и црвена пиперка е многу вкусно), се пржи се додека заедно не се испржат компирот и пиперот. Осолете на вкус.
Тргнете од огнот, поделете во тањрите, седенете и баш онака својски ќе се најадете. Послужете со ладен јогурт, кисело млеко, домати... сиренце прилог, а и самостојно е одлично. Вкусно е!
Забелешка
Многупати сум ја пржела на маст.... е дури тогаш велам - Ова е сласт!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани