14
авг
2021
Летна манџа од пиперки и домати
Подготовка:
1. На измиените пиперки им ги отсекуваме дршките.
2. Во сад ставаме масло, да го покрие дното. Ги пржиме пиперките на умерен оган од двете страни.
3. Црвените домати ги лупиме и ги сецкаме на ситни коцки. Ги истураме врз веќе испржените пиперки.
Го протресуваме тенџерето и оставаме на тивко да крчка околу 20 до 30 минути. Наросуваме сол и ситно сецкан свеж магдонос.
4. Сервираме во чинија и врз ручекот ставаме беби моцарела. Нека се опушти малку од топлината и може да се консумира овој вкусен, летен ручек.
Лиценца: Сите права се задржани
Majka mi przi i stava vo tegla za na zima.
Да, може да се искористи идејата на мајка ти