22
фев
2012
Лесни шпагети со свежи шампињони
Шпагетите се варат да бидат ал денте.
На малку маргаринче и масло за готвење се пропржуваат шампињоните исецкани на листови. Се додава ориганото и нането да пуштат арома, па се додава доматниот сос и се готви дури малки не се згусти и не се зготват шампињоните. Се зачинува со вегета.
Сварените шпагети се додаваат во тавата со шампињоните и се готват уште неколку минути со мешање.
Се сервираат топли посипени со ренданиот кашкавал и малку сецкан свеж магдонос.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови