Испечати

Лесни шпагети со свежи шампињони

Лесни шпагети со свежи шампињони

Состојки

  • 200гр. шпагети
  • 300гр. свежи шампињони
  • 300мл. домашен или готов зачинет доматен сос
  • 1/2 мала лажичка оригано
  • 1/2 мала лажичка суво нане
  • 100гр. рендан кашкавал
  • 1 мала лажичка вегета

Подготовка

Шпагетите се варат да бидат ал денте.
На малку маргаринче и масло за готвење се пропржуваат шампињоните исецкани на листови. Се додава ориганото и нането да пуштат арома, па се додава доматниот сос и се готви дури малки не се згусти и не се зготват шампињоните. Се зачинува со вегета.
Сварените шпагети се додаваат во тавата со шампињоните и се готват уште неколку минути со мешање.
Се сервираат топли посипени со ренданиот кашкавал и малку сецкан свеж магдонос.