
29
мар
2014
Лесни пралини
На почетокот на рецептот се топи чоколадото со малку масло.
Се зема со лажица се премачкува калапот и се става во ладилник да се стегне.
Се мешаат бисквитите со шеќерот во прав да се соедини.
Се замесува со млеко како за бомбици тврдо.
Се вади калапчето од фрижидер.
Чоколадата е стврдната веќе и се полнат со филот од бисквитите.
Потоа повторно се прелеваат со стопеното чоколадо и се ставаат повторно во ладилник.
Брзи се и вкусни.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови