Лепчиња со сирење и домат
Сите состојки за тестото се ставаат во сад.Се мати со миксер(со перките за тесто).Ако сакате можете и да го месите со раце,важно е да не се додава брашно повеќе од пишаното.Се покрива тестото со најлонска фолија и се остава убаво да нарасте,околу 1 и пол час.Потоа се дели на 10 дела и од секое се прави топче и се става во плех на хартија за печење.Се покриваат топчињата со крпа и да стасуваат 20 минути.
Се мати со вилушка белката од јајце,се додава ренданото сирење,а доматот се сече на тенки тркалца по целата должина.
Откако тестото е стасано со помош на чаша правиме вдлабнатина во средината на секое топче.Во секое лепче ставаме од филот и врз тоа ставаме тркалце од домат и поросуваме со пармезан.Од страните лепчињата ги премачкуваме со жолчка.
Лепчињата ги печеме на 180-200 степени 20 минути.
Пробајте ги,ви ги препорачувам за појадок или вечера,меки и вкусни.
Чашите се кои мерев се од 150 милилитри.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови