Ова е типично шпанско поточно каталонско предјадење, на кое оргиналниот назив му е - Пан Цон Томате, едноставно, вкусно, брзо и евтино предјадење. Иако јас немаше да бидам јас,ако малку не го модифицирав лесниов рецепт. Тие го спремаат по следниов редослед:
леб, лук, домат, маслиново масло...
Мене ми повкусно кога редоследот е леб, лук, маслиново масло, па на крај доматот, бидејќи маслиновото масло убаво си се впива во лебот.

Лебот се тостира.
Се втрива лукот на лебот.
Се додава маслиновото масло.
Се ренда доматот и се става врз лебот.
Се посолува по желба.
Може да се јаде со кашкавал, сирење, шунка, сланина..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови