Леб од пченкарно и пченично брашно
Се ставаат двата типа брашно во здела.Се додава млаката вода ,киселото млеко,маслиновиот зејтин,солта и шеќерот.Се замесува средно меко тесто кое го оставаме да стаса (да го дуплира својот волумен).Од тестото расукуваме правоаголна кора со должина иста со должината на тавчето-калапот во кое ќе го печеме лебот.Покриваме со најлонска фолија да одстои 20 минути.Сега кората ја мотаме во векна(ролна),ја засекуваме на неколку места и ја ставаме во подмачканиот плех.Лебот го премачкуваме со вода,поросуваме со семиња и овесни снегулки и ја уклучуваме рерната на 200 степени.Кога рерната ќе ја достигне температурата,го ставаме лебот да се пече 10 минути на 200 степени ,а потоа ја намалуваме на 180 степени и печеме уште 20-25 минути.Кога е готов,го вадиме од плехот,го замотуваме во крпа за да олади и оладен може да се сече и сервира.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови