Лазањи
Подготовка:
Ситно сечканиот кромид и ренданиот морков се запржуваат на неколку лажици масло, па се додава меленото месо и се пржи додека испари течноста од него.
На прженото месо се додава доматата и кечапот. Кечапот спрема рецептот е количина по желба, па може да се додаде и повеќе од наведеното. Се остава да пржи на умерена температура додека сосот убаво се поврзе со месото и стани кремаст. Потоа се додава 300 гр рендан кашкавал, се промешува да се спои убаво, се трга од ринглата и се додава киселата павлака.. Се посолува и зачинува. Лазањите се подваруваат во зовриена послолена вода со 1 лажица масло, само колу да омекнат, но не и да се распаѓаат. Во намастена тава за печење се редат ред лазањи, ред фил се додека не се потрошат намирниците. Одозгора се ренда кашкавал. Се печат во загреана рерна од 200С околу половина час, зависно од рерната.