Лазањи на мој начин
Значи, за лазањи горе-доле е сличен рецептот. Тука ќе ви прикажам како јас ги подготвувам и како ми ги бендисуваат по дома.
Чекор 1
Подготовка на рагу сосот - ситно се сецка главица кромид и на тивок оган со малку масло се пропржува. Се додава меленото месо и солта и се пропржува додека не изврие водата што се одвојува од месото. Се додава доматното пире и шеќерот и се динста до згуснување на смесата. При крај се додава сецканиот лук и босилекот.
Чекор 2
Подготовка на бешамел сосот - се става путерот на тивок оган да се растопи. Се додава брашното и малку се пропржува да порумени. Се додава млекото и солта и се меша до згуснување.
Чекор 3
Се реди ред лазањи, ред рагу сос, ред бешамел сос. Се завршува со ред лазањи. Се додава водата и се ставаат лазањите да се крчкаат на 200 степени. Кога водата речиси цела ќе биде извриена се реди гаудата тенко сецкана или рендана. Тавата повторно се враќа во рерна да се стопи и порумени гаудата.
Летно време рагу сосот го правам со 800 грама свежи домати.
Оди одлично со црвено вино.
Бон апети!
Лиценца: Сите права се задржани