Корите ги потопуваме во ладна вода и стојат се додека да го спремиме филот.
За филот потребно е да го запржиме меленото месо, во него додаваме сол, мешан сув зачин и оригано.
Го тргаме настрана и го приготвуваме башамел сос.
20гр маргарин се растопува, се додава 20 гр брашно, 350 гр млеко, сол и бибер да зоврие. Се трга на страна.
Во ватростален сад се редат ред кори, ред фил, ред башамел сос, ред топено сирење исецкано и ред рендан кашкавал. Се полива со доматен сос. Постапката се повторува се додека имаме кори и фил. Добар апетит!

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови