Испечати

Лазањи со топено сирење

Лазањи со топено сирење

Состојки

  • 1 пакување лазање
  • 300гр мелено месо
  • 1 пакување топено сирење
  • 200гр кашкавал
  • 250гр доматен сос
  • 1 лажица мешан сув зачин и оригано
  • Бешамел
  • 20 гр путер
  • 20 гр брашно
  • 350мл млеко
  • сол и бибер

Подготовка

Корите ги потопуваме во ладна вода и стојат се додека да го спремиме филот.
За филот потребно е да го запржиме меленото месо, во него додаваме сол, мешан сув зачин и оригано.
Го тргаме настрана и го приготвуваме башамел сос.
20гр маргарин се растопува, се додава 20 гр брашно, 350 гр млеко, сол и бибер да зоврие. Се трга на страна.
Во ватростален сад се редат ред кори, ред фил, ред башамел сос, ред топено сирење исецкано и ред рендан кашкавал. Се полива со доматен сос. Постапката се повторува се додека имаме кори и фил. Добар апетит!