Се сечка целиот зеленчук.
Кромидот на листови, а се останато на стапчиња.
На маслиново се прпропржува кромидот и лукот.
Се додава морковот, се пропржува кратко и се динста со малку од пилешкиот бујон.
Мешаме кратко и ги додаваме пиперката и тиквичката.
На крај зачинуваме со сол и бибер.

Пилешките батаци се варат и се сечкаат на коцки. Кратко се пропржуваат.

Во стаклен сад се става кус кусот заедно со лажиче куркума. Смесата се полева со пилешкиот бујон, кој треба да е врел. Се остава 10-тина минути покриено со проѕирна фолија, додека не набабри и не ја впие целата течност.
Потоа промешајте кратко со вилушка и сервирајте топло.

Ова е мојот редослед кус кус, фил од зеленчук и на крај месото.
Го украсувам со рузмарин или магданос.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови