Испечати

Кус кус со пилешки батаци и зеленчук

Кус кус со пилешки батаци и зеленчук

Состојки

  • Зеленчуков фил
  • 1 кромид
  • 4-5 чешниња лук
  • 2 моркова
  • 1 млада тиквичка
  • 1 црвена пиперка ( ајварка )
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче црн бибер
  • 2 лажици маслиново масло
  • Месо
  • 6-7 варени пилешки батаци
  • Кус кус
  • 1 лажиче куркума
  • 250 грама кус кус
  • 250 милилитри пилешки бујон

Подготовка

Се сечка целиот зеленчук.
Кромидот на листови, а се останато на стапчиња.
На маслиново се прпропржува кромидот и лукот.
Се додава морковот, се пропржува кратко и се динста со малку од пилешкиот бујон.
Мешаме кратко и ги додаваме пиперката и тиквичката.
На крај зачинуваме со сол и бибер.

Пилешките батаци се варат и се сечкаат на коцки. Кратко се пропржуваат.

Во стаклен сад се става кус кусот заедно со лажиче куркума. Смесата се полева со пилешкиот бујон, кој треба да е врел. Се остава 10-тина минути покриено со проѕирна фолија, додека не набабри и не ја впие целата течност.
Потоа промешајте кратко со вилушка и сервирајте топло.

Ова е мојот редослед кус кус, фил од зеленчук и на крај месото.
Го украсувам со рузмарин или магданос.
Уживајте!