Куглоф колач (со афион и мармалад)
Лесен за подготовка, а превкусен за брзо заблажување. За љубителите на афион, овој колач е вистински погодок.
Подготовка
1. Јајцата се миксираат пенасто со шеќерот и ванилата. Се додава редоследно - млеко, зејтин и брашно (претходно измешано со пецивото и афионот). Миксираме кратко на најмала брзина. На крај се додава и кората од лимонот, промешуваме со шпатула и смесата се сипува во форма за куглоф (претходно намрсена и посипана со брашно).
2. Кугловот се пече во претходно загреана рерна на 170 степени (проверуваме со чачкалица). Потоа рерната се остава подотворена, го оставаме внатре кугловот да се подизлади, па потоа го вадиме надвор и се лади убаво на собна температура. Се превртува врз соодветна чинија. По желба одозгора посипуваме шеќер во прав.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани