10
апр
2014
Куглов со суво грозје
Еве еден брз и вкусен десерт..
Јајцата и шеќерот убаво ги матиме со миксер, а потоа го додаваме зејтинот, млекото, брашното, пецивото и циметот.
Кугловот го мачкаме со маргарин и го посипуваме со лебните трошки.
Во изматените состојки го додаваме сувото грозје и пола од смесата ја истураме во кугловот.
Во другата половина го додаваме какаото и потоа таа смеса ја истураме во кугловот.
Кугловот го печеме на температура од 200 степени околу 40 мин.
За мене ова беше навистина вкусен десерт.....ПРОБАЈТЕ!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови