Куглов од кокос и мандарина
Шеќерот се мати со јајцата.
Се додава брашното кое е помешано со пецивото, ванилниот шеќер и паковката ароматизиран шеќер.
Се промешува со исклучен миксер и се додава стопениот путер.
Се дели смесава на два дела, па во едниот дел се става какао и кокос.
Смесата се става наизменично, темен дел па светол дел,во намастен калап за куглов.
Помеѓу смесите се редат лупени мандарини.
Се покриваат мандарините пак со смесата.
Се става да се пече во вжештена рерна.
Откако е печен и изладен колачот, се топи чоколадото со малку путер и се полева колачот.
Се попрскува со декоративни топчиња.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови