1. Се замесува тесто од сите наведени состојки, се наплескува во 28 тавче.
2. Се попрскува малку со масло одозгора, се наросува со сусам, ленено, чија семе, оригано и буковец и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 до 20 минути.
3. Откако ќе се испече лепчето, одозгора му се става моцарелата исечена на парчиња, а врз неа по желба се наросува црн бибер и оригано.
4. Лепчето се враќа во рерна да се истопи моцарелата, уште околу 5 минути, а потоа се остава да одмори покриено со крпа пред да се послужи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови