Крцкави целивки со џем
Супер бисквитчиња, ем лични , ем вкусни...а и убава идеја како да излезете на крај со варените заостанати јајца
1. Омекнатиот путер изматете го со брашното, па додајте - нишесте, шеќер во прав, жолчките стиснати низ цедалка, прстофат сол и рендана кора од портокал. Замесете тесто од сите состоки и месете додека тестото да стане воедначено. На почеток ќе ви изгледа смесата малку песоклива, но кога убаво ќе се соединат состојките се добива глатко тесто.
2. Обликувајте го тестото во топка и завиткајте го со најлонска фолија. Ставете го во фрижидер околу еден час.
3. Размесете го тестото и поделете го на топчиња зависно од тоа колкави сакате да ви бидат бисквитиве. Јас го поделив на 40 топчиња. Ставете ги во плех за печење но оставете растојание меѓу нив. Во средината на секое топче направете вдлабнатина со прст и печете ги околу 12-15 мин на 180 степени.
4. Загрејте го џемот или мармаладот во сад на оган да стане малку течен. Ставете го во готварски шприц и истиснувајте во секоја вдлабнатинка од колачите по малку џем. Оставете ги да се потсушат и послужете.
СОВЕТ- Бисквитите најдобро е да ги наполните со џем по печењето, бидејќи ако ги наполните пред тоа може да станат лепливи и да се распаднат, а џемот или мармаладот да се разлее насекаде.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови