Круна кифли со оризово млеко
Во вангличка ги спојуваме квасецот, шеќерот и половина од млекото. Промешуваме, додаваме едно лажиче брашно. Нека се активира. Потоа го додаваме јајцето, маслото, солта и постепено од брашното. Месиме нелепливо тесто, кое ќе пука под рацете. Го покриваме и го оставаме да се дуплира. Кога е скиснато го делиме одприлика на 30-35 парчиња. Секое парченце тесто нежно го расукуваме на работната маса како молив, од едната страна често го засекуваме по 3-4 мм како на сликата.Сега од едниот крај почнуваме да го виткаме во полжавче.Ги редиме во плех за печење. Убаво со четка ги премачкуваме со изматено јајце, во средината на секоја кифличка ненападно ставаме афион и попрскуваме со морска сол. Ги печеме на 200 с околу 25 минути. Испечени нека се изладат на кујнска решетка.