Крофни печени во апарат
Едноставен начин на подготовка на крофни,без пржење,печени во апарат на Делимано 4 во еден.Прво ги матиме јајцата со шеќерот и ванилата.Кон тоа се додава млекото,маслото,пецивото,изренданата кора од лимон и брашното.Пак матиме со миксер.Го загреваме апаратчето и со четка само ги премачкуваме со зејтин калапчињата.Со помош на шприц ги полниме клапчињата,затвараме и печеме 4- 5 минути зависно колку печени сакате да ви бидат.
Декорацијата е по ваша желба.Јас за половина од крофните направив чоколаден прелив со тоа што ја стопив чоколадата заедно со зејтинот и кремот,на пареа.Во овој прелив се натопуваат крофните и се украсуват по желба.Убави се и само со шеќер во прав.Тоа е веќе ваш избор,важно е дека се печет едноставно,не се масни и превкусни се.Да напоменам дека со зејтин ги премачкав калапите само првиот пат,нема потреба повторно да се мачкаат во текот на печењето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови