1. Се ренда биеното сирење и кашкавалот.
2. Во изренданото сирење и кашкавал се додаваат јајцата и се мешаат заедно.
3. Потоа се додава ориганото, магдоносот и белото брашно. Сето се меси со раце.
4. Од готовата смеса се формираат топчиња кои се валкаат во лебни трошки.
5. Готовите топчиња се пржат во зовриено масло и се редат врз салфетка за да го впијат мрсното од нив.
6. Откако ќе оладат можат да се конзумираат со мајонез или кечап.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови