Крем чорба со тарана
Превкусна, кремаста чорба, со тарана во составот, па затоа на љубителите на тарана најмногу им ја препорачувам. Подготовката е лесна и брза, за помалку од 40-на минути ќе имате превкусна, топла, кремаста чорба за вас и за вашето семејство.
Подготовка
1. Во кујнски сецко ги ставаме морковот и кромидот (лупени, миени), и ги сецкаме.
2. Во тенџере го ставаме маслото, загреваме на умерена температура, па ги пропржуваме кромидот и морковот неколку минутки, додека да омекнат. Сега ја додаваме тараната, мешаме убаво да се соединат состојките. Пропржуваме уште 2-3 минути. Потоа ја додаваме водата (4 чаши). Откако ќе зоврие, вариме се додека не биде прикрај сварена тараната.
3. Во посебен сад ја раствораме крем супата со 1 чаша ладна вода, мешаме со рачна маталка и ја додаваме во тенџерето, исто мешајќи со рачна маталка. Вариме уште најмногу 5 минути со повремено промешување на умерена температура. По потреба додаваме вода, јас додадов уште една чаша, но тоа е во зависност од посакуваната густина. Посолуваме на крај по вкус и додаваме магдонос.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани