Крем чорба од тиква
1. На зејтинот кратко запржете го кромидот, додајте ја ренданата тиква, уште малку заедно нека се пржи, налејте сосема малку вода и нека крчка околу 5-10 мин. додека тиквата омекне.
2. Префрлете ја тиквата во блендер и изблендирајте ја да добиете кашеста смеса, вратете ја во садот во кој што се крчкаше (касерола), додадете ја водата. Зачинете ја и нека се вари 15 мин. на тивко.
3. Послужете ја со подпечен леб насечен на коцки
Забелешка
- Кромидот можете да го замените со праз
- можете да и додадете или павлака за готвење или при сервирањето да ставите и кисела павлака
- може да ја сервирате со крутони или оние златните поховани топчиња од компир
- Со тиквата можете да варите заедно и компир па да избледнирате
- Зачините изберете вие кој ви најмногу допаѓа - денес јас со ловор, а најчесто ставам рузмарин, но се разбира тоа се однесува за оние кои сакаат ваква чорба и вакви зачини. Кој не обожава од овие зачини, тогаш ставете слободно само вегета или коцка за супа.
Пријатен доручек!!!
Лиценца: Сите права се задржани
A koja tikva e poubava za corbava-stambolkata ili drugata korupcavata?