На масло, колку да го покрие тенџерето, се пропржуваат шампињоните исечени на што потенки ливчиња.
Во чашка се размешува нишестето со вода, убаво да нема грутчиња. Водата може да ја одделите од тој 1 литар, но и не мора.
Кога ќе бидат готови шампињоните се полеваат со водата и се додава коцката за супа. Кога ќе проврие се додава размешаното нишесте и се остава да поврие 5 мин. Проверете дали ви е доволно зачинета, бидејќи коцката за супа е за 1/2 литар течност, но јас не ставам 2 коцки за да се осети вкусот на печурките. Слободно досолете или ставете малку мешан зачин и бибер ако треба.
Пред крај се додава павлаката размешана со малку од супата, за да нема грутчиња.

Оваа супа се спрема многу брзо, а ако користите топла вода ќе биде готова за 10 минути.

Напомена
За нишестето секогаш користете ладна вода!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани