Крем супа од моркови и магдонос во Мултифреш вакуум блендер
Конечно дојде ред да го сефтосам Мултифрешот. Иако мислев дека прв обид ќе ми е смути на вакуум, сепак директно удрив на крем супите. Мислев како пробна дека можеби нема да ја погодам, но испадна една превкусна одлична супа на мое пријатно изненадување.
Постапката оди многу брзо и лесно. Зеленчуците ги исечкав ситно и ги ставив зачините освен мешаниот сув зачин. Не сакав солта да му смета на варењето, но мислам дека во овој случај би можела и таа. Со Мултифрешот нема промашување. Секако, ќе се проба и така во следна прилика.
Се налева вода скоро до максимум и се избира потребната програма.
Додека работеше програмата, го гледав, испитував некои 5 минути и потоа решив да ја редам машината за садови. Во еден момет се пушти блендерот. Како мислев дека има минато малку време не очекував, па кога сум рипнала... хахаха Зборот ми беше... јас не бев ја ни доредила машината за садови кога тоа титна и заврши. Не можев да поверувам! Следниот момент беше да видиме што сме направиле јас и машинчево. Е сме направиле, одлична крем супа :)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови