29
апр
2022
Крем салата со пушено месо
Предлог, крем салата за празниците.
Подготовка:
1. Краставицата се мие добро и се сечка на мали коцки. Пушеното месо се сечка исто така на коцки. Јас ставив мешавина од пушено пилешко и пушено свинско месо. Во садот, каде ќе ја мешаме салатата додаваме и варени јајца кои ги исецкавме на коцки, а потоа ја додаваме и пченката.
2. Промешуваме со 6 лажици мајонез. Ако сакате покремаста, додајте повеќе мајонез, јас мислам дека 6 лажици се доволни. Не ја зачинив салатата, само овака како е ми беше совршена, затоа што пушеното месо ми беше доволно солено. На здравје да ви е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови