10
јан
2021
Крем салата со макарони и туна
1. Се варат макароните и се оставаат убаво да се изладат и да се исцедат.
2. Корнишоните се сецкаат на ситни коцки ,туната се цеди убаво од маслото.
3. Во сад се ставаат макароните, туната, пченката, сецканите корнишони, павлаката, мајонезот, сол и црн бибер. Се меша убаво да се изедначи салатата.Се става во фрижидер да отстои неколку часа пред да се сервира.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови