Крем салата со макарони и туна
Состојки
- 180 гр туна од конзерва
- 120 гр варена пченка
- 100 гр ситни макарони
- 5 средни корнишони
- 200-250 гр кисела павлака
- 90 мл мајонез
- сол и црн бибер
Подготовка
1. Се варат макароните и се оставаат убаво да се изладат и да се исцедат.
2. Корнишоните се сецкаат на ситни коцки ,туната се цеди убаво од маслото.
3. Во сад се ставаат макароните, туната, пченката, сецканите корнишони, павлаката, мајонезот, сол и црн бибер. Се меша убаво да се изедначи салатата.Се става во фрижидер да отстои неколку часа пред да се сервира.