Го подготвуваме кремот 1.
Во јајцата го ставаме шеќерот промешуваме и кремот го вариме на пареа .
На крај на готвењето ја додаваме чоколадата мешаме да се стопи и потоа го тргаме кремот да се излади .
Оладениот крем го соединуваме со претходно изматен маргарин матиме додека кремот да стане кремаст .
Подготовка на крем 2
Во сокот го додаваме брашното и разматуваме со миксер да не остане грутчиња, а потоа кремот го вариме на огсн додека да се згусти. Го оставаме да се излади. Изладениот крем го матиме со миксер. Можете да го пробате ако не е доволно благ можете да додадете 1 лажица прав шеќер. Мене ми беше доволно благ и не додадов шеќер .
Посебно ја матиме слатката павлака .
ФИЛУВАМЕ
Ја ставаме првата кора и го нанесуваме чоколадниот крем оставаме еден мал дел од него за да ја премачкаме последната кора .
Врз чоколадниот крем ја ставаме втората кора и го нанесуваме вториот крем врз вториот крем ја нанесуваме слатката павлака, врз павлаката третата кора и премачкуваме со чоколадниот крем оставаме малку да одмори во ладилни, а потоа сечеме на коцки .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови