За подготовка на ова јадење најпрвин посолете ги кременадлите со сол, мешан зачин, рузмарин и црн бибер. Ставете ги во плекчето во кое ќе го спремате јадењето. Врз месото наредете го кромидот и морковите. Зачинете ги малку по вкус и нив. Половина од водата полијте ја околу месото. Додајте го зејтинот и ставете во загреана рерна на 180 до 200 степени.
По десетина минути намалете ја температурата околу 170 степени. Печете околу 40 минути внимавајки да не се исцрви премногу месото. Го вадиме плекчето и месото го тргаме настрана во чинија. Излупените компири исецкани на кругчиња ги ставаме во длабок сад. Ги зачинуваме со малку сол, мешан зачин, рузмарин, црвен пипер, повеќе свеж магдонос, буковец, црн бибер. Добро промешуваме насекаде да се изедначи количината од додадените зачини.
Компирите ги редиме врз кромидот и морковите кои ни остануваат во плекчето. Ја додаваме останатата количина вода покрај обрачот на плекчето. Малку го протресуваме плекчето на сите страни да се измешаат добро зачините.
Ставаме во рерна на околу 200 степени и печеме. Времетраење зависно од јачината. Повремено проверувајки дали се испечени добро компирите.

Ако месото не ви е до крај претходно испечено на десетина минути пред да се испечени компирите ставете го и месото да се допече. Така е повкусно бидејки се измешаат вкусовите едни со други. Се надевам ќе ви се допадне мојот денешен ручек, јас често вака спремам свинско со компири така на сите дома ни е вкусно. Ви посакувам пријатен ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани