Доколку сакате ароматични кременадли кои се подготвуват на едноставен начин,ви го препорачувам рецептот.
1. Потребно е кременадлите прво да се зачинат со сол и црн бибер, па им се додава ворчестер сосот и маслиновото масло. Се додаваат и 3-4  ловорови листови, се покриваат и се оставаат неколку часови во фрижидер.
2. Пред динстање се трга ловоровиот лист, се редат во тава кременадлите, се полеваат со сосот и маслото, се покриваат со капак и се динстаат на тивок оган додека да испари течноста и да се запржат.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови