Испечати

Кременадли со ворчестер сос

Кременадли со ворчестер сос

Состојки

  • Состојки
  • 4 парчиња свински кременадли
  • 5 лажици маслиново масло
  • 4 лажици ворчестер сос
  • сол, црн бибер, ловоров лист

Подготовка

Доколку сакате ароматични кременадли кои се подготвуват на едноставен начин,ви го препорачувам рецептот.
1. Потребно е кременадлите прво да се зачинат со сол и црн бибер, па им се додава ворчестер сосот и маслиновото масло. Се додаваат и 3-4  ловорови листови, се покриваат и се оставаат неколку часови во фрижидер.
2. Пред динстање се трга ловоровиот лист, се редат во тава кременадлите, се полеваат со сосот и маслото, се покриваат со капак и се динстаат на тивок оган додека да испари течноста и да се запржат.

На здравје.