Кремаст колач со лимон и боровинки
1. Измешајте ги јогуртот, шеќерот во прав, путерот, солта и ванилиниот шеќер во сад и додадете ги густинот, брашното и прашокот за пециво. Мешајте додека не се направи меко и лепливо тесто.
Тестото добро истапкајте го во намрсен сад за печење со големина од отприлика 25цм. и испечете го во претходно загреана рерна на 150 степени отприлика 15-20 минути или додека малку не зарумени.
2. Во сад додадете ги јајцата, кората од лимонот и кондензираното млеко и добро измешајте. Потоа додадете ги лимоновиот сок и густинот.
3. Кремот додадете врз испеченото тесто и распоредете ги боровинките одозгора.
4. Колачот печете го на 180 степени околу 25-30 минути или додека кремот во средината е стабилен и не се тресе.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Sakam zasladeno, kondenzirano mleko