Кремаст колач со лимон и боровинки
Состојки
- За тестото 80 гр. јогурт од ванила (или овошен јогурт)
- За тестото 100 гр. путер на собна температура
- За тестото 1 ванилин шеќер
- За тестото 50 гр. шеќер во прав
- За тестото 10 гр. густин
- За тестото пола лажиче прашок за пециво
- За тестото прстофат сол
- За тестото отприлика 180 гр. брашно
- За кремот 380 гр. кондензирано млеко
- За кремот 3 јајца
- За кремот изрендана кора од 1 лимон
- За кремот 80 мл. лимонов сок
- За кремот 20 гр. густин
- За кремот 150-200 гр. шеќер во прав (доколку кондензираното млеко не е засладено)
- За кремот 100 гр. боровинки
Подготовка
1. Измешајте ги јогуртот, шеќерот во прав, путерот, солта и ванилиниот шеќер во сад и додадете ги густинот, брашното и прашокот за пециво. Мешајте додека не се направи меко и лепливо тесто.
Тестото добро истапкајте го во намрсен сад за печење со големина од отприлика 25цм. и испечете го во претходно загреана рерна на 150 степени отприлика 15-20 минути или додека малку не зарумени.
2. Во сад додадете ги јајцата, кората од лимонот и кондензираното млеко и добро измешајте. Потоа додадете ги лимоновиот сок и густинот.
3. Кремот додадете врз испеченото тесто и распоредете ги боровинките одозгора.
4. Колачот печете го на 180 степени околу 25-30 минути или додека кремот во средината е стабилен и не се тресе.