Една прекрасна торта, за еден прекрасен празник на една изклучителна жена. Среќен роденден мамо.

Најпрво се оделуваат жолчките од белките, белките се матат со половина од шеќетот, а другата половина од шеќерот и ванилата се додаваат на жолчките и се мати, потоа белките се додаваат на жолчките и се промешуваат внимателно.
Потоа се додаваат маслото и млекото.
На крајот брашното, какаото, инстатнт чоколадо и пецивото се пресејуваат и се додаваат на смесата со јајцата.
Смесата се става во плех со хартија и се печи на 200 степени. Откако ќе се излади кората, со крајот на сукало или со крајот на дрвена лажица се прават дупчиња во кората.
Од филовите прво се подготвува филот од ванила. 2/3 од млекото заедно со шеќерот се ставаат во тенџере на оган, а во останатата 1/3 се раствораат пудинзите од ванила.
Кога млекото со шеќерот ќе зоврие се додава смесата со пудингот и се вари, кога е готов се тргнува од оган и му се додава додека е топол белото чоколадо и путерот, се меша додека се соединат, топлиот пидинг се става на кората и убаво се распоредува да навлезе во дупчињата, се остава да излади, а за тоа време по ист начин се подготвува и чоколадниот фил и по истиот начин се додава врз белиот фил и откако ќе се излади најгоре се додава изматениот шлаг и се посипува со рендано чоколадо и трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови