Кремаста компир салата со јаболка
Интересен спој на вкусови.
Салатата ја правев во големи количини и така ќе ја поставам на сајтов.
Вие по потреба намалете си ги количините.
Најпрво го сварив компирот,па го оставив да излади.
Го исецкав на коцки и го ставив во длабок сад. Псолував додека сецкав постепено, да прими компирот.
Потоа теглата со кисели краставички ја цедам од течноста и ги сецкам исто така краставичките на коцки.
Се собирам во истиот сад.
Кромидот го чистам и го мијам и него го сецкам заедно со стариот кромид.
Јаболката исто така ја лупам и ја сецкам.
Бирајте кисели јаболка за оваа салата. Само така ќе го доловите вистинскиот вкус.
Зачинив со бибер во зрно и сол, па пред крајот ја помешав павлаката. Мешав да добијам убава кремаста салата.
Убава е да отстои малку на ладно, но може да се служи и веднаш.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови