Шеќерот, водата и маргаринот ставете ги да зовријат.
Додајте ги оревите и бисквитите, зачинете со арома на рум и ванила по вкус и поделете ја смесата на 2 дела.
Во едниот дел ставете го чоколадото (пожелно е да е со висок процент на какао) и промешајте да се стопи.
Листот обланда поделете го на 4 дела по ширина.
Филовите поделете ги на 2 дела
Мачкајте од страната со вдлабнатини еден лист со жолт, еден лист со црн фил.
Редете ги еден над друг.
Ставете ја обландата во фрижидер убаво да се стегне.
Одозгора јас ја прелив со чоколадо, а може и да биди посипана со ореви или по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови