Кошнички од тиквички
Малку поинакво полнење, да не е мусака, па вака....
- Исечете ги тиквичките на кругови, посолете и оставете да одстојат малку, потоа во сосема малку зејтин (колку да е премачкана тавата) лесно запржете ги до нивно омекнување,
- Оризот подварете го, исцедете го
- Во тавата ставете ситно сецканиот кромид да се пржи додавајки го месото, откако е испржено додадете го оризот. Измешајте и зачинете.
- Во калап за мафини или за крем бруле наредете од тиквичките поставувајки ги и на дното и по страните да формирате кошничка, наполнете ги со филот. Во секој калап врз филот ставете само по 1 лажица вода. Вака спреманите тиквички ставете во рерна да се потпечат, околу 15- 20 мин. (зависно од рерната).
- Додека се печат тиквичките - измешајте ја павлаката со јајцата.
- Извадете ги садчињата со тиквичките, со лажица ставете одозгора од смесата со павлака и јајца, вратете назад на кратко да се потпече.
- Веќе испечени извадете и засебно послужете со прилог од некоја добра свежа салата.
Напомена
Доколку сакате во смесата од павлаката можете да ставете и кашкавал.
Лиценца: Сите права се задржани