Предлог од мене за брз и вкусен појадок.
При мотањето не ги стегав многу коричките за да има место каде да се движат јајцата, што не мора и да значи.
Како и да ги подготвите се одлични.
Мене ми останаа 8 корички, и тие ги наполнив со фил од сирење и јајца и ги печев во мала тава.
Значи за цела доза кори да ги собере наеднаш треба голем плех.

Прво млекото малку го загреваме.
Го ставме во сад па додаваме малку шеќер, сол, масло, кисела вода, јајце, брашно.
промешуваме
Оставме на страна.
Сега исчистениот спанаќ може да се бланшира и потоа дооообро да се исцеди.
Или на малку масло прво да се запржат кромидчињата, па да се додаде сецканиот спанаќ.
Но не смеее да има водичка, која ќе ја испушти спанаќот при готвењето.
Сега го оставме малку да се подизлади, па му додаваме јајца, сирење, бибер и сол ако има потреба.
Со четка секое триаголно кориче го премачкуваме , па ставаме одприлика по 2 лажици од филот.
завиткуваме во ролатче.
Вака подготвените ролнички ги редиме во плех.
Со четка одозгора ги премачкуваме со премазот кој ни останал и посипуваме со сусам.
Одма печиме во загреана релна на 200 с околу 20 минути.
Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани