Компир манџа
За денес се одлучив да ви ја предложам компир манџата како идеја за ручек, за која верувам дека сите покрај трпезата ќе бидат задоволни со нејзиниот вкус.
1. Најпрво месото го сецкам на помали парчиња и го ставам во тенџере да се обари (добиената пена ја тргам)
2. Потоа на малку зејтин го запржувам кромидот да омекне, ги додавам компирите исецкани на мали парчиња и нив малку ги пропржувам. Ги додавам морковите и патлиџаните (рендани) и на крај го додавам месото.
3. Ставам од водата во која се вареше месото (преку цедалка) и на средна температура се вари манџата се додека не омекнат компирите.
4. Посолуваме, ставаме мешан сув зачин и сув магдонос по вкус (или други зачини по желба).
5. Вадам неколку парчиња од компирите и ги пасирам за да се згусне манџата (на овој начин нема потреба од класична запршка со брашно).
6. Запршката ја правам само со црвен пипер го загревам маслото, додавам 2 м.л.црвен пипер и тоа го додавам кај манџата.
7. Оставам уште 5-10 минути на средна температура да се спојат убаво вкусовите.
За посна варијанта можете да го изоставите месото.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови