Компир и печурки со павлака
Кромидот се сече на ситни парчиња и се пропржува додека не добие стаклеста боја. Потоа се додава сецканата пафта и се пропржува уште 5 минути. Се додаваат и печурките и смесата се пржи 7-8 минути. Се зачинува со 1 лажица зачин и црниот бибер.
Компирот се лупи и се сече на коцки. Во подлабок сад се меша со зачинот, сенфот и босилекот.
Во огноотпорен сад се става компирот, се меша со печурките и се налева со павлаката. Кон павлаката за готвење може да се додаде и малку водичка во зависност од големината на садот во кој се пече-значи компирот да биде покриен со течност. Се наросува и рузмаринот и се пече на 180 степени 60-ина минути. Ако садот е со капак се пече покриено, а ако не е се покира со алуминиумска фолија. 10 минути пред крај се вади фолијата и се остава тавата да се запече.
Лиценца: Сите права се задржани