Компирот се лупи и се сече на поголеми коцки. Се обарува во една вода - да зоврие и да врие 3-5 минути. Се цеди и се става во садот во кој ќе се пече.
Сенфот се мати со миксер заедно со зејтинот, оцетот, медот и карито колку да се спои. На крај се додава и босилекот и со оваа смеса убаво се мешаат компирите.
Бидејќи се обарени смесата поубаво ќе се залепи за компирот-нема да лизга. Компирот се става во рерна да се пече околу 40 минути на 180 степени. Се пече во тава со капак, а ако немате таква тогаш се затвара со алуминска фолија. На крај капакот или фолијата се трга и се остава уште 5-10 минути да се запече.
Јас оваа смеса ја користам и за пилешко и овој пат компирот одлично се спои со пилешкото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела